Во Србија 321 нов случај со Ковид-19, седуммина починаа
Во последните 24 часа во Србија регистрирани се 321 нов случај со корона вирус, а починаа седум пациенти.
Последното деноноќие биле тестирани 8.804 примероци.
Во Србија од почетокот на епидемијата починаа 565, а заразени се вкупно 25.213. Бо моментот на респиратор се 150 пациенти.