Во Србија 1.881 новозаразен, починаа 23 пациенти
Во Србија, според последните податоци, потврдени се 1.881 случаи со корона вирус, а починаа 23 лица.
Тестирани биле 11.725 примероци.
На респиратори се 195 пациенти, а во болница од корона вирус се лекуваат 5.462.
Од почетокот на епидемијата во Србија тестирани се 2.448.761 лица, вирусот е потврден кај 368.072.
ДОсега со Ковид-19 починаа вкупно 3.687 лица, а стапката на смртност е 1 отсто.