Во сообраќајката на „Рузвелтова“ загина млад доктор кој работеше во Ковид центарот во Козле

Пулмологот Трајче Нешковски (32) почина попладнево, откако претходно му се слошило и со автомобилот удрил во дрво на „Рузвелтова“.
– Длабоко ме погоди веста за смртта на нашиот сопартиец, млад доктор, пулмологот Трајче Нешковски, долгогодишен член на СДСМ и доскорашен секретар на Социјалдемократската младина.
Жално е кога смртта нѐ разделува од пријателите и соработниците, а посебно е тажно кога прерано ќе заврши животот на некој толку успешен и млад човек.
Трајче ќе остане запаметен како голем човек, борец за својата земја, за граѓаните, за социјалдемократските вредности, успешен доктор и човек кој силно го сакаше својот роден град, Гостивар.
Упатувам искрено сочувство до фамилијата и пријателите, како и другарите и соработниците од Социјалдемократската младина на Македонија – напиша Заев.
Од МВР соопштија дека денеска во 16.35 часот добиена е пријава дека на крстосница ул.„Орце Николов“ и ул. „Франклин Рузвелт“ има сообраќајна незгода помеѓу „цитроен“ со гостиварски ознаки и „опел“ со струмички ознаки.
Возачот Т.Н. род.1988 год. од Гостивар од патничко моторно возило „цитроен“ со Итна медицинска помош пренесен е во УЦ „Мајка Тереза“.