Во Солун затворени локали кои ги кршеле мерките против Ковид


 

Забавниот центар во Ефкапри во Солун, казнет е со парична казна од 5.000 евра и затворање поради тоа што на новогодишната ноќ, иако делувал затворен, имало музика и се служеле купувачи во подрумот, со што ги прекршил антиковид мерките.

Снимка на која се гледа како млади се забавуваат танцувајќи без дистанца на интернет ја поставил 28-годишен маж, кој е уапсен.

Менаџерот на центарот, исто така, е уапсен, пренесе Катимерини.