Во Словенија се забранува работата на продавниците во недела и државни празници


Националното собрание на Словенија донесе закон со кој се забранува работата на продавниците во недела и државни празници.

За измените и дополнувањата на Законот за трговија со кој се регулира оваа забрана гласаа 72 од 88 пратеници.

Продавниците со продажен простор до 200 метри квадратни на бензински пумпи, гранични премини, пристаништа, аеродроми, железнички и автобуски станици и болници се изземени од забраната.

Исто така, во недела и на државни празници, ќе можат да работат и помали продавници со површина до 200 квадратни метри само ако во тие денови клиентите ги опслужуваат сопствениците или нивните претставници, но и ученици и пензионери.

Стопанската комора на Словенија се спротивставува на забраната, тврдејќи дека затворањето на продавниците во недела би довело до отпуштања на вработени, а најавија и можна проценка на уставноста на законското решение.