Во Скопје, најголема излезност во Карпош, најниска во Сарај


Фото: Б. Грданоски

Портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска на прес-конференцијата во ДИК соопшти дека на ниво на Град Скопје од 89, 93 отсто обработени избирачки места односно 616, на гласање излегле 39, 99 отсто од гласачите.

Гугучевска ја соопшти и излезноста во некои од скопските општини – Аеродром 42,37 отсто, во Бутел 36, 65 отсто, Гази Баба 38,18 отсто, Ѓорче Петров 40,75 отсто, Карпош 47,05 отсто, Шуто Оризари 28,48 отсто, Сарај 22 отсто.

До ДИК пристигнале 433 приговори за лично избирачко право од кои 378 се прифатени 34 се одбиени и 21 запипшани во Избирачкиот список.

Гугучевска соопшти дека до ДИК нема пријава за инциденти. Освен на тие девет избирачки места за кои беше известено претпладнето и каде се надминати проблемот, до 17 часот нема пријавено други проблеми на избирачките места.

Наредната прес-конференција во ДИК е во 19 часот.