Во синоќешниот пожар изгореа четири шлепери на „Атлантик“
Во кругот на фирма лоцирана на улицата „Качанички пат“ во Скопје, синоќа биле опожарени четири товарни возила. Пожарот бил пријавен во СВР Скопје во 21.15 часот, а настанот поминал без повредени лица. Возилата се сопственост на фирмата „Атлантик“, чиј управител е А.И. (47) од село Брест, скопско.
Екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје успешно го изгаснала пожарот. Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот и утврдиле дека целосно се уништени товарно возило Мерцедес и две товарни возила Волво, сите со скопски регистарски ознаки и приколки, додека едно товарно возило Волво е делумно оштетено.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот
„Сите релевантни факти ќе бидат утврдени преку детална истрага. Приоритет ни е да ги откриеме причините за пожарот и да ја обезбедиме безбедноста на граѓаните“, наведуваат од МВР.