Во Шведска 17.395 новозаразени, починаа 234 луѓе


 

Шведска од поетокот регистрира 17.395 нови случаи со корона вирус, со што го помина прагот од 500.000 заразени од почетокот на епидемијата, објави во вторникот агенцијата за медицинска статистика.

Починаа уште 234 пациенти со Ковид-19 или вкупно 9.667. Смртните случаи се регистрирани во последните неколку дена, како и оние околу Божик.

Статистиката покажува дека 17 декември 2020 година бил најсмртоносниот ден од почетокот на пандемијата со 116 починати. Претходниот рекорд беше во април со 115 смртни случаи.

Стапката на смртност по глава на жител во Шведска е неколкупати поголема во однос на скандинавксите соседи, но и пониска од други европски земји во кои беа воведени мерки на затворање.