Во Штип прегазен 18-годишен турски државјанин
Во неделата, во 20.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница на ул.„Панче Караѓозов со ул.„Широк Дол“ во Штип, патничко возило „цитроен ц2“ со штипски регистарски ознаки, удрило во пешакот Џ.Е.К.(18) од Република Турција, со привремен престој во Штип, по што возачот го напуштил местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Штип.
По преземени мерки и активности, полициски службеници го пронашле возачот С.О.(44) од Штип и неговото патничко возило и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.