Во САД повеќе од 105.000 мртви, ги ублажуваат мерките


 

Во САД во последните 24 часа регистрирани се нови 743 жртви на корона вирусот, покажуваат податоците од Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Вкупниот број жртви достигна 105.099, додека заразени се 1.809.109 лица, со што САД е најпогодена земја во светот со пандемијата.

Според податоците на франс прес, најмалку 373.439 луѓе умреа во светот од декември 2019 година кога вирусот се појави во Кина.

Во САД властите почнаа да ги ублажуваат мерките на изолација, но степенот на попуштање се разликува од држава до држава.

Но, во повеќе американски градови воведен е полициски час поради протестите по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, на 25 мај, за време на брутално апсење во минеаполис, кога белец полицаец, кој сега е обвиент за убиство, Дерек Чувин со колено му го притисна вратот и го држаше во таа положба десетина минути се додека не престана да мрда. Флојд молеше да го пушти и му велеше дека не може да дише.