Во САД не се намалува бројот на барања за надомест за невработеност


Минатата недела во САД биле поднесени 1,48 милиони барања за надомест за невработеност, што значи дека бројот на луѓе кои остануваат без работа поради пандемијата на коронавирусот останува голем, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Економистите што ги анкетирала компанијата Дау Џонс очекувале дека ќе бидат поднесени 1,35 милиони барања.

Иако неделниот показател се уште е висок и втора недела по ред полош од предвидувањата, вкупниот број на оние што добиваат надомест продолжува да опаѓа. Вкупниот број на приматели или оние кои добиваат постојан надомест се намалил за 767.000, на 19,52 милиони луѓе.

Како дел од Програмата за помош за невработеност при пандемија, минатата недела беа поднесени 728.120 барања.

Минатонеделниот показател значи дека бројот на пријавувања останува над еден милион веќе 14-та недела по ред, а рекорден број, од 6,9 милиони пријави, е забележан во неделата што завршува на 21 март, веднаш откако Светската здравствена организација прогласи пандемија, а поголемиот дел од американската економија престана со работа.

Пред тоа, побарувањата за надомест никогаш не надминувале еден милион.

Досега најголем број барања се поднесени во Калифорнија, 45.930, пренесува Си-Ен-Би-Си.