Во Прилеп петмина кандидати за градоначалник и осум советнички листи
До крајниот рок, синоќа на полноќ, до Општинската изборна комисија во Прилеп се поднесени пет кандидатури за градоначалник и осум кандидатски листи за советници.
Според информациите од Општинската изборна комисија, кандидатури за градоначалник и советнички листи поднесоа коалициите на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ, и на ДОМ и ЛДП – Движење „Одлучно за Македонија“, партијата Интегра, како и еден е независен кандидат.
Следува проверка на кандидатите и во рок од 48 часа ќе бидат конечно објавени сите кандидати и кандидатски листи за иден градоначалник и совет на Прилеп.