Во пресметка меѓу две семејства ранет 31-годишен маж во Чаир
Синоќа, во скопски Чаир, обид за помирување на две семејства заврши со престрелка, при што ранет е еден маж на 31-годишна возраст.
Полицијата утрово излезе со информации за пукањето во скопски Чаир.
Имено, вчера во 21.50 часот добиле пријава од ГОБ „СВ. Наум Охридски“, дека кај нив е донесем маж ранет од огнено оружје.
-Во ГОБ Наум Охридски бил донесен Д. Б. (31) од Скопје, кој се здобил со повреда од огнено оружје на територија на Чаир во Скопје, информира МВР.
Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Повеќе медиуми синоќа објавија дека средба за помирување меѓу две семејства заврши со меѓусебна престрелка во скопски Чаир.