Во пожар во ковид-центар во Индија загинаа 11 пациенти


 

Пожар што избувнал на одделот за заболени од Ковид-19 усмрти најмалку 11 пациенти во болница на западот на Индија, објавија властите.

На одделот имало најмалку 20 пациенти во болницата во округот Ахмеднагар во државата Махараштри кога избил пожарот.

Повеќето пациенти биле постари од 60 години.

Просторијата која потполно изгорела била неодамна изградена токму со цел лекување ковид-пациенти.

Претседателот на владата на таа држава Удав Такерај нареди истрага и мерки за безбедност во болницата сместена на 250 км од Мумбај, главниот град на сојузната држава Махараштра.

Индискиот јавноздравствен систем е ндоволно финансиран и е во критична состојба поради пандемијата, а од април до мај избија неколку пожари во повеќе болници.

Најмалку 16 пациенти заболени од Ковид и две медицински сестри загинаа во пожaрот во болницата во Гујарат, а истрагата покажа дека причина бил краток спој на единицата за интензивна нега.

Во април 13 заболени од ковид загинаа во болница во предградие на Mумбај.