Во Помпеа откриен животот на средната класа


 

Археолозите открија ќетири нови соби во куќа во Помпеа полни со садови, амфори и други секојдневни предмети, давајќи слика за животот на средната класа во моментот кога ерупција на вулканот Везув го затрупала римскиот град во 79 година.

Остатоци од тањири, на брзина испразнет ковчег, кревет и пламеници за парфеми од теракота во облик на колевка пронајдени се на два ката од претходно ископана зграда, соопшти управата на археолошкиот парк Помпеа. Некои се повредни од другите – садови од бронза или стакло заедно со секојдневни алати.

„Голем дел од населението во Римското Царство биле луѓе кои се потеле за секојдневно парче леб, но исто така сакале да го подигнат својот општествен статус3, вели директорот на паркот Габриел Цутригел.

Се стремеле кон подобар живот и статус

Археолозите зеле гипсани отпечатоци за да репродуцираат некои од предметите од наоѓалиштата во Помпеа, една од главните италијански туристички атракции во близина на модерниот град Неапол.

Остатоците од градбата, ископани во 2018 година, вклучуваат двор украсен со фрески со билки, птици и сцени од лов. Ниша во која се наоѓале богови заштитници на куќата, или лари, според кој куќата е наречена „ларарио“.

„Сопствениците на кужата ларарио во Помпеа успеале да го украсат дворот во кој се наоѓаат ларите и бунар со извонредни слики, но очигледно немале доволно пари за сите соби3, вели Цутригел.

„не знаеме кој живеел овде, но угодниот живот што е прикажан во дворот, веројатно повеќе е желба отколку нивна секојдневна стварност“.