Во Пацификот најден радиоактивен седимент – тоа е почеток на антропоцен
Антропоцен е името што некои научници го користат за именување на моменталната геолошка епоха. Според научниците, оваа епоха започнала кога луѓето почнале да имаат значајно влијание врз геологијата и екосистемите на Земјата.
Се побрзиот раст на емисии на јаглерод диоксид, раст на нивото на морињата, глобалните масовни изумирања, уништувањето на живеалиштата и урбанизацијата се карактеристични за последните 70 години. Неодамнешните промени се резултат на човековото влијание кое неповратно ја промени нашата планета. Затоа стручњаците сметаат дека сме сред нова геолошка епоха, антропоцен, која е помлада од холоценот.
Холоцен и почетокот на антропоцен
Во геолошката ера холоцен дојде до топење на мразот и нивото на морињата порасна за околу 100 метри. Тоа доведе до поплавување на крајбрежните подрачја и вливовите на реките. Дојде до спојување на Северното ледено море со големите леднички езера.
За време на леденото доба европските подрачја северно од Средоземјето беа прекриени со тундра, степа или црногорична шума. Во првите две илјади години од холоценот вегетацијата во овие подрачја стана мешовита белогорична шума, а со промена на вегетацијата се промени и животнскиот свет.
Експертите мислат дека точно го одредиле почетокот на оваа епоха преку биомаркери, односно радиоактивен материјал откриен во морските седименти и корали во северозападниот дел од Тихиот Океан, во близина на брегот на Јапонија.
Тој материјал потекнува од атомски тестирања кои биле спроведени во регионот во 50-тите години на минатиот век и претставува јасна промена во океанот.
Врз основа на собраните податоци, научниците предлагаат почеток на антропоценот да се смета за 1954 година.
Во анализата биле искористени повеќе техники за хемиско тестирање. Официјално, геолошката епоха во која живееме сега е холоцен, а таа почнала пред околу 11.700 години. Меѓутоа, научници од повеќе области мислат дека треба да се земат предвид големите промени во околината што се случиле во последните децении, а кои се резултат на активностите на човекот.
Всушност, тешко е да се одреди кога почнал антропоценот, можеби за време на индустриската револуција кога почнаа зголемени емисии на јаглерод диоксид. Но, научниците кои работат на оваа проблематика велат дека сепак може да се постави јасна почетна точка.