Во овие ситуации, маслиновото масло во никој случај не е опција


Нутритивната и здравствената вредност на маслиновото масло е неспорна, но има ситуации во кои не е пожелно да се користи.

1. Маслиново масло за пржење
Маслиновото масло е исклучително добро за здравјето на срцето, но станува штетно кога ќе го изложиме на високи температури. Иако оваа тема предизвикува бројни контроверзии, подобро е да се спречи потенцијална штета. Она што можеме со сигурност да го кажеме е дека греењето ја уништува структурата на маслото.

Наместо тоа, подобро е да користите маслиново масло како „зачин“ за готово јадење.

2. За скара
Постојат многу рецепти за маринада во кои се споменува маслиново масло. Иако не е штетно, сосема е непотребно да се користи маслиново масло за овие цели бидејќи едноставно гори. Всушност, месото и зеленчукот за печење не треба да се подмачкаат со масло.

Доволно е да се подмачкаат решетките од скарата, а храната да се маринира во суви зачини.

3. Маслиново масло за лице
Многу луѓе користат маслиново масло и за козметички цели, најчесто како маска за коса, масло за масажа или нега на кожата. Меѓутоа, кога станува збор за лицето, маслиновото масло треба да се избегнува!

Причината за ова е што маслиновото масло е густо и ги затнува порите, па луѓето склони кон акни треба да го исклучат од својата рутина за убавина.