Во Нигер се запали училиште од слама и дрво, изгореа 24 ученици

Најмалку 24 ученици загинаа во пожар во нигериско училиште изградено од дрво и слама кога се запалиле три училници во градот Маради на југот на земјата денеска попладне, соопшти гувернерот Чаибу Абубакар.
Околу 80 девојчиња и момчиња се добиле со тешки изгореници, додаде гувернерот. За сега не е позната причината за пожарот.
Во земјата нема доволно училишта, а многу од нив се изградени токму од дрво и од слама.
Според податоците на Обединетите народи, Нигер со околу 25 милиони жители е една од најсиромашните земји на светот и има една од наниските стапки на писменост во Африка.
Заради нискиот буџет за образование во земјата нема доволно училишта, а многу се импровизирани од дрво, слама и лим. Во некои подрачја наставата се одвива во сенката од дрвјата.