Во недела, без вода МАНУ, МКЦ, „Мавровка“


Фото: Б. Грданоски

Од скопски „Водовод“ инфромираат дека во недела (7. декември) ќе се санира дефект на водоводна линија на бул. Крсте Мисирков. Поради овој технички зафат ќе има прекин на водоснабдување на следните улици и објекти:

– Објектот на МАНУ

– Основен Суд 2

– Младински Културен Центар

– Универзитетска Библиотека

– Универзитет Св. “Кирил и Методиj”

– Трговски Центар Мавровка

– Дел од Турска Чаршија

– Саат Кула

– ул. Отокар Кершовани

– Адвокатска улица

– Дел од бул. Крсте Мисирков.

Прекинот ќе започне од 07:00 часот и ќе трае до санација на дефeктот.