Во најдобар случај првите 30 автобуси за ЈСП ќе стигнат до Нова година – да не се радуваме пред време


Фото: Б. Грданоски

Откако Министерството за транспорт го објави вториот јавен повик за набавка на нови 150 еко-автобуси, дел од советниците во Советот на Град Скопје тврдат дека „не треба да се радуваме пред време“.

Советничката Катерина Јовановски појаснува дека според јавниот повик, новите автобуси ќе пристигнуваат на рати.

„30 автобуси во рок од 6 месеци од потпишувањето на договорот со добавувачот, 60 автобуси во рок од 12 месеци и уште 60 автобуси во рок од 18 месеци и сето ова под услов да биде успешен јавниот повик, односно да не пропадне ко првиот. Што значи, во најдобар случај првите неколку нови автобуси ќе стигнат пред Нова година. Останатите здравје, негде околу 2028 година. Дотогаш и овие што сега ги имаме ќе се испорасипат“, тврди Јовановски, додавајќи дека да гласаа ВМРО-ДПМНЕ пред 4 години досега автобусите веќе ќе беа овде, ама, како што вели, „не гласаа и мува не ги лази за тоа“.

„Трпете и ќутете си. Си ги гласавте“, стои во објавата на советничката од редовите на Левица.

Инаку, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, пред некое време рече дека првите автобуси ги очекува првите автобуси да стигнат до јуни, потоа излезе огласот, па очекувањата се пролонгираа на шест месеци, до почетокот на септември и сето тоа само доколку јавниот повик успее.

Објавен повик за набавка на 150 еколошки автобуси – првите 30 се очекуваат за шест месеци