Во Мислешево точеле алкохол на деца, а вработена била и 16-годишна девојка
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против правен субјект – угостителски објект од с.Мислешево, струшко, С.С.(52) – одговорно лице во објектот и против 16-годишна девојка од с.Мислешево, вработена во угостителскиот објект.
Тие се сомницат дека точеле алкохолни пијалаци на дете. На 10.10.2025 во угостителскиот објект во с.Мислешево, пријавените дозволиле и точеле алкохол на малолетници, при што на еден од нив му се слошило.