Во Минхен почна големиот протест против НАТО и Минхенската безбедносна конференција


Во Минхен почна голем протест против НАТО и Конференцијата за безбедност во Минхен, што се одржува во тој град од 14 до 16 февруари На демонстрациите учесниците повикуваат на мировни преговори и се спротивставуваат на испораката на оружје за Украина и Израел.

Демонстрациите беа организирани од „Алијансата за акција против безбедносната конференција на НАТО“, која објави дека на конференцијата во Минхен не се разговара за безбедноста, како и дека таканаречената глобална супериорност на Западот, заснована на империјалистичката поделба на светот, доведе до бројни конфликти ширум светот.

Организаторите наведуваат и дека Германија се повеќе се милитаризира, додека германскиот народ сака мирна политика.