Во масакрот на Цетиње убиени 12 лица, меѓу кои и две деца на 10 и 13 години

Осомничениот Ацо Мартиновиќ се застрелал во главата откако го опколила полицијата. Мотивите за страшното злосторство не се познати. Тридневна жалост во Црна Гора


Страчното злосторство во Цетиње го потресе регионот

 

Во страшното злосторство на Цетиње загинаа 12 лица, меѓу кои две деца на 10 и 13 години, додека лекарите од Клиничкиот центар во Подгорица се борат за животите на четворица цетињани, пренесува весникот „Вијести“. Владата на Црна Гора за денеска, 3 и 4 јануари, прогласи тридневна жалост.

Обвинителката Андријана Настиќ потврди дека на Цетиње биле убиени 12 лица, а дека осомничениот Ацо Мартиновиќ извршил самоубиство. Увидот го прави на шест локации, пет каде што биле извршени убиствата и местото каде што осомничениот се застрелал.

На две локации убил четири лица, на третата две деца, а на останатите две едно лице. Во злосторството се убиени седум мажи, три жени и две деца.

Ацо Мартиновиќ, сторителот на повеќекраткото убиство кое вчера попладне се случи во ресторан во Цетиње си пукаше во главата откако беше опколен од полицијата. Почина на пат кон црногорскиот Клинички центар. Ова вчеравечер, како што пренесуваат црноготските медиуми, го соопшти директорот на полициската управа Лазар Шќепановиќ, посочувајќи дека претходно сторителот бил лоциран во населбата Хумци во Цетиње, а местото каде бил сокриен било опколено од полициските сили.

„Полицијата направи прстен околу него. На наредба да го спушти оружјето, си пукаше во главата. При обидот да го пренесеме во болница, им подлегна на повредите“, рече тој.
Се заблагодари на поширокото семејство на Мартиновиќ, за кое додаде, дека ѝ помогнало на полицијата да ја открие локацијата каде се наоѓа сторителот.

„Според нив, сторителот имал одредени прекини во комуникацијата со роднините и пријателите, како и дека сите загинати биле негови кумови, пријатели, другари со кои поминувал време. Мотивот за овој чин сѐ уште не е познат“, кажа Шќепановиќ.

Според него, граѓаните треба да се ослободат од предрасудите и стереотипите и кога ќе видат дека некое лице има асоцијално или девијантно однесување, навремено да укажат на таквите околности.

Црногорскиот министер за внатрешни работи, Данило Шарановиќ соопшти дека Мартиновиќ бил изолиран со експресна полициска акција.

„Кога виде дека се наоѓа во безизлена ситуација, се обиде да се самоубие. Не им подлегна на повредите на самото место, туку при транспортот во болница“, рече министерот.

Тешко повредени се четири лица, кои се хоспитализирани на црногорскиот Клинички центар во Подгорица. Едно од нив е во критична состојба.

Ацо Мартиновиќ крвавиот пир го започнал во ресторанот „Велестово“ во близина на Спортскиот центар во Цетиње, а потоа продолжил и надвор од него.

Се случил инцидент меѓу Мартиновиќ и гостин на рестопранот. Тој отишол дома, зел пиштол и се вратил во ресторанот. Таму убил четири лица.

Потоа убил неколку членови на неговото семејство.

Поради трагичниот настан, црногорските власти прогласија тридневна жалост во државата. Откажани се новогодишните концерти во Подгорица, Будва и Котор. Премиерот повика да се откажат и сите настани на отворено.