Во Македонија на бугарските избори гласале 372 лица
ГЕРБ-СДС доби најмногу гласови од бугарските граѓани кои гласаа вчера во Македонија (109). По нив следува коалицијата Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија (53), потоа Преродба (48), Има такви луѓе (24). За ДПС – Нов почеток гласале 7 гласачи, за БСП 8, за Алијанса за права и слободи 5, за МЕЧ 3.
Бугарските граѓани во земјава можеа да го остварат правото на глас на пет места – во амбасадата во Скопје, каде гласаа најголем број гласачи, во Генералниот конзулат на Бугарија во Битола, а беа отворени избирачки места и во Охрид, Прилеп и Струмица.
Вкупно, на вчерашните избори во Македонија гласале вкупно 327 бугарски државјани, најмалку во споредба со оние што гласале на изборите во последните три години.
Во јуни оваа година во Македонија гласале 340 бугарски државјани, во април 2023 година имало 453, а на изборите во октомври 2022 година 461 гласачи.
Според последниот попис на населението во Македонија 3.504 лица се изјасниле како етнички Бугари во земјата.
Во исто време, над 100.000 Македонци земле бугарски пасош врз основа на бугарско потекло. Повеќето од нив отворено признаваат дека на овој чекор се одлучиле само за да добијат пасош на земја-членка на ЕУ.