Во Љубљана хаос на демонстрациите поради мерките, а на 30 километри ЕУ самит


Во вторникот, демонстрантите повторно направија неред во Љубљана, главниот град на Словенија, противејжи се на воведувањето анти-ковид потврди. На демонстрациите учествуваале илјадници луѓе.

Полицијата успеа да го смири протестот во доцните веќерни часови, а на повеќе места употребен е воден топ и солзавец за да се растераат насобраните.

Според медиумите, полицјиата го уапсила Зоран Стевановиќ, локален политичар од Крањ, кој зборувал предн демонстрантите против власта на неколку собири, а полицијата го смета за еден од организаторите на протестите.

Инаку, во Брдо кај Крањ, на само 30 километри од Љубљана, денеска се одржува неформален самит ЕУ-Западен Балка, а поради некои најави дека демонстрантите и оние кои не се задоволни од владата во среда може да се обидат да се приближат на шефовте на владите на државите учеснички на самитот во обид да дојдат до внимание, полицијата ја зајакна безбедноста на таа локација.

На Брдо кај Краљ, ден пред самитот, во вторникот вечерта се одржа неформална работна вечера на челниците на земјите од ЕУ на која домажин беше премиерот на Словенија јанез Јанша.

На собирот учествуваат претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Советот Шарл Мишел, делегации и челници на влади од земјите членки, францускиот претседател Емануел макрон, германската канцеларка Ангела меркел како и премиери на земјите од Западен Балкан, меѓу кои премиерот на Македонија, Зоран Заев.