Во Крушево останува забраната за водатата за пиење


Сѐ уште е на сила забраната за пиење и домашна употреба на водата во Крушево откако Центарот за јавно здравје од Прилеп констатира дека бактериолошки е неисправна.

Така ќе биде додека не стигнат сите три последователни примероци за анализа, потврдуваат од Центарот.

Причината за ваквата состојба е прекин во работата на системот за хлорирање, предизвикан од прекин во снабдувањето со електрична енергија, соопштија од ЈП „Комуна“ – Крушево. 

Проблемите со водоснабдувањето во Крушево траат со децении и апелираат медиумите дополнително  да не го вознемируваат населението.