Во Кривичен продолжува судењето за организаторите на 27 април


Фото: Б. Грданоски

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и на минатото рочиште одбраната почна со презентирање на материјални докази.

На минатото рочиште, поранешниот собраниски спикер Трајко Ваљановски читаше делови од записници на собраниски комисии, координативни состаноци и од неколку продолженија на конститутивната седницата во Собранието, кои ги има предложено како материјални докази, образложувајќи дека правел напори за продолжување на конститутивната седница и избор на претседател, но дека не биле обезбедени деловничките околности за тоа.

Одбраната на Вељановски, има повикано и околу 50 сведоци, пратеници кои треба да бидат сослушани на некои од следните рочишта.

Судскиот процес го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.