Во КИЦ на РС Македонија во Софија се одржа концерт на музичари од Македонија и Косово
Бугарија– Во присуство на албанската амбасадорка во Бугарија, Донка Хоџа, привремениот управител на косовската амбасада, како и на претставници на бугарската културна елита, во КИЦ на РСМ во Софија се одржа концерт на кој натстапија Бесиана Мехмеди, мецосопран от Тетово, Пранвера Хоџа од Приштина Прищина и Алба Муколи от Пеќ.
Бесијана Мехмеди за дописникот на МИА од Софија изјави дека по втор пат е во Бугарија. Првиот пат била во главниот град на Бугарија заедно со нејзиниот колега тенор Шкелзен Бахтиари од Северна Македонија. Таа рече дека концертот се одржува со поддршка на министрите за култура на Северна Македонија и на Косово.
Алба Муколи вели дека концертот претставува можност за културно претставување меѓу земјите од регионот на Западен Балкан. Целта е публиката да ужива во класична музика и настапи, од светски автори како Бизе, Брамс, Дворжак, како и од албански автори, чии дела премиерно се изведуваат во странство.
Тројцата уметници изразија задоволство што нивниот концерт се одржува во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, бидејќи ова е природно место каде што може да се одржат вакви културни настани.