Во Кавадарци најдени 100 кг катран од афион

Во средата, во 18.45 часот во напуштена куќа на улица „Рајна Соколова“ во Кавадарци биле пронајдени 10 канти со околу 100 килограми тврда кафена материја – најверојатно катран од афион.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.