Во Камбоџа седум лица починаа од консумирање алкохол за дезинфекција


Илустрација

Министерството за здравство на Камбоџа денеска соопшти дека седум работници починале откако испиле алкохол наменет за дезинфекција, кој го помешале со вода и безалкохолни пијалаци.

Работниците се вратиле од Тајван и биле ставени во карантин поради епидемијата на коронавирусот, соопшти Министерството.

Се додава дека поради труење во болница се префрлени 12 работници. Пациентите се жалеле на главоболка, вртоглавица и отежнато дишење.

Експертите зеле примероци од пијалакот и ги однеле на анализа во лабораторија.