Во Калифорнија се преполни и болниците и мртовечниците


Здравствените власти во Калифорнија во саботата објавија рекорден еднодневен биланс од 695 смртни случаи од корона вирус, додека многу болници се толку полни што не можат регуларно да работат.

Бројот на жртви во Калифорнија од почетокот на пандемијата се искачи на 29.233, според веб-страницата на државниот оддел за јавно здравје.

Во меѓувреме, хоспитализациите се речиси 22.000, а државните модели предвидуваат дека бројот може да достигне 30.000 до 1 февруари.

Бран на случаи по Ноќта на вештерките и Денот на благодарноста предизвика рекордни хоспитализации во Калифорнија, а сега најсериозно болните од овие пациенти умираат во невиден број.

Веќе, многу болници во Лос Анџелес и другите тешко погодени области се борат да бидат во тек и предупредија дека можеби ќе треба да ја намалат грижата бидејќи се намалуваат креветите за интензивна нега.

Најголемиот страв е дека болниците ќе мора да одбиваат пациенти кои ќе започнат да се појавуваат а ги игнорирале правилата за социјално дистанцирање и се собирале пријателите и роднините за Божик и новогодишната ноќ.

Пост-божиќниот бран се влошуваше во округот Лос Анџелес, каде бројките објавени во четвртокот и петокот покажаа речиси 20.000 случаи на ден, значително над просекот од околу 14.000 нови случаи на ден во текот на минатата недела. Вкупно, 10о.000 нови случаи се регистрирани оваа недела.

Со објавените нови бројки во саботата, округот надмина 12.000 смртни случаи предизвикани од Ковид-19 – од кои 1.000 се случија во последните четири дена.

Округот Лос Анџелес има четвртина од населението на државата, но таму има околу 40 отсто од смртните случаи на Ковид-19. (АП)