Во Јужна Кореја напаѓач со автомобил влетал во случајни минувачи, а потоа напаѓал со нож, еден загинат, 14 повредени


Најмалку едно лице е убиено во напад со нож во Јужна Кореја, јави јужнокорејската приватна новинска агенција.

Маж од јужнокорејскиот град Сонгнам во четвртокот со својот автомобил влетал во случајни минувачи, а потоа излегол од возилото и избодел некои од нив, при што повредил 14 лица. Девет лица беа избодени со нож, а пет беа удрени од автомобил во близина на главниот град Сеул, соопшти полицијата.

Според полицијата, напаѓачот бил уапсен по нападот врз минувачите.

Медиумите објавија дека напаѓачот имал 20-тина години, дека работел како доставувач и дека имал психички проблеми.

Нападот се случил во близина на голема стоковна куќа и други продавници.