Во Јужна Кореја евакуирани илјадници луѓе поради тајфунот Хинамнор


 

Околу 3.500 луѓе се евакуирани, а приближно 15.000 лица се предупредени да не ги напуштаат домовите поради налетот на тајфунот Хинамнор врз Јужна Кореја.

Тропскиот циклон, пропратен со силен ветер и врнежи од дожд утрово стигна до јужниот брег на Јужна Кореја, што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.

На јужниот остров Џеџу оштетени се неколку згради и друга инфраструктура.

Корејскиот полуостров е погоден од бројни тајфуни секое лето и на почетокот на есента. Хинамнор е 11. циклон годинава.

Предупредување за тајфунот беше издадено и во Северна Кореја. Според севернокорејските медиуми лидерот Ким Џонг-ун во неделата и вчера имал состанок официјални лица за воведување на заштитни мерки од Хинамнор.