Во јуни вкупните депозити се зголемиле за 9,9 отсто на годишно ниво, а кредитите за 13,1 отсто
Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,9%, при раст на депозитите на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, соопшти Народната банка.
На годишна основа, вкупните кредити забележаа раст од 13,1%, како резултат на зголемените кредити на двата сектора, со поизразен придонес на кредитите на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на следниот ЛИНК.