Во Италија 1.000 ученици заразени со корона вирус
Во последното деноноќие во Италија забележан е благ пад на бројот новозаразени во однос на претходниот ден, но најверојатно тоа се должи на тоа што за викенд се вршат помалку тестирања. Има благ пад и на бројот починати, имено вчера починале 18 пациенти.
Од почетокот на пандемијата во Италија вкупно се заразени 325.329 лица, а вкупниот број починати изнесува 35.986.
Во училиштата од почетокот на директната настава на 14 септември, според најновите податоци забележани се околу 1.000 случаи на зараза меѓу учениците и наставниците, но со оглед на тоа дека во италија има 4.000.000 ученици, бројката не е драматична.
Владата синоќа подготви заострени мерки за кои треба утре ќе побара одобрение од парламентот.
Се предвидува носење маски на отворено на цела територија на земјата, иако но некои покраини таа веќе е на сила. Ќе се ограничи бројот присутни на приватни забави и прослави, а регионите не смеат да воведуваат помали рестрикции од националните.
Според пишувањето на Анса, заострувањето на мерките се воведува за да се избегне карантин ако заразата почна да се шири.
Владата има намера од парламентот да побара продолжување на вонредната состојба што истекува на 15 октомври, а опозицијата се противи на тоа.