Во Хрватска забележани уште 7.270 новозаразени, починаа 63 пациенти
Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 7.270 нови случаи со корона вирус, а бројот на активни порасна на 39.034.
Од нив 2.513 пациенти се лекуваат во болница, а 324 пациенти се на респиратор.
Починаа уште 63 пацинети, или вкупно досега 10.113.
тестирани биле 17.320 во последните 24 часа.
Досега во Хрватска вакцинирани се 61,67 отсто од возрасните.