Во Хрватска уште 6.315 новозаразени
Во Хрватска во изминатите 24 часа регистрирани се 6.315 нови случаи со корона вирус, од 14.404 тестирани примероци.
Едновремено починаа 66 пациенти од последиците на Ковид-19, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.
Во моментот има вкупно 39.995 активни случаи до Ковид-19, пренесе Хина.
Од нив 2.107 пациенти се лекуваат во болница, а 269 пациенти се на респиратор.