Во Хрватска уште 30 луѓе на респиратор, 27 не се вакцинирани


 

Во последните 24 часа забележани се 4.151 новозаболени со корона вирус во Хрватска, а активни се 38.631.

Од нив 2.219 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 277 пациенти.

Починаа уште 42 пациенти од последците на Ковид-19.

Во болница има 199 новозаболени, а од нив 174 не се вакцинирани со ни една доза, пти изнесува 87,4 отсто. На респиратор се приклучени уште 30 нови пациенти, а 27 од нив не се вакцинирани со ни една доза, што е 90 отсто.

Од починатите 41 лице, 29 не биле вакцинирани со ни една доза, што пак е 71 отсто.

Досега во Хрватска од корона вирус заболеа 538.752 лица, од кои 9.881 починаа.