Во Хрватска починаа 45, а во Словенија 23 лица
Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 980 нови случаи на Ковид-19, а починаа 45 лица. Биле тестирани 6.847 лица, што значи дека процентот на новозаразени е 14,3 отсто. Од почетокот на епидемијата животот го загубија 4.517 лица.
Бројот на активни случаи во Хрватска изнесува 5.210, на болничко лечење се 1.921, а на респиратор 176 пациенти.
Словенија во средата регистрира нови 1.767 позитивни случаи и 23 починати. Биле направени 5.637 теста, што значи процентот на инфицирани е 25,1. Во Словенија има 23.890 активни случаи, а хоспитализирани се 1.266 лица, од кои 199 на интензивна нега. Вкупната бројка на починати е 3.070.
