Во Хрватска од Ковид-19 починаа уште 22 лица, новозаразени се 1.691


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 1.691 нов случај на зараза со корона вирус, а бројот на активни денеска изнесува 9.515. Меѓу нив, 805 пациенти се во болница, а од нив 121 пациент се на респиратор.
Едновремено починаа уште 22 пациенти.

До денеска вкупно се тестирани 2.894.887 примероци, од кои 9.816 во послендите 124 часа.

Заклучно со вчерашниот ден во Хрватска вакцинирани се 45,51 отсто од вкупното население или 54,58 отсто од возрасните.