Во Хрватска нови 549 заразени, починаа 16 пациенти
Во последните 24 часа бројот на новозаразени со корона вирус во Хрватска изнесува 549, а вкупно има 2.955 активни случаи.
Меѓу нив 1.203 пациенти се лекуваат во болница, а на респиратор се 106. Починаа 16 лица.
Од почетокот на епидемијата во Хрватска од Ковид-19 се разболеа 234.702 лица, починаа 5.122, а оздравеа 226.625.
До денеска тестирани се вкупно 1.217.755 лица, од кои 5.453 во последните 24 часа.