Во Грција расте бројот починати од Ковид-19, приватните лекари ќе работат во јавните болници
Грција денеска им нареди на лекарите од приватнот сектор од пет региони на северот од земјата да работат во здравствениот систем додека нивните колеги се борат со порастот на зарази од Ковид-19.
Владата порано овој месец ги повика лекарите од приватниот сектор да помогнат затоа што грчките јавни болници и оддели за интензивна нега минатите недели се преплавени со Ковид пацинети.
Досега починаа 17.012 луѓе
Налогот за реквизиција, објавен во службен весник, важи еден месец.
Грција во средата пријави 6.682 новозаразени со корона вирус, и 87 смртни случаи, со што вкупниот број заразени порасна на 853.841, додека 17.012 луѓе починаа.
Порано во ноември, владата воведе ограничувања за невакцинираните граѓани во настојувањето да го сузбие на ширењето на заразата.
Вакцинирани 61,8 отсто од населението
Се очекува премиерот Киријакос Мицотакис денеска да се обрати до нацијата, повикувајќи ги Грците да се вакцинираат.
Потполно вакцинирани се околу 61,8 отсто од населението од околу 11 милиони граѓани, а властите се надеваа на стапка од околу 70 отсто до есенва.