Во Германија умира секој трет пациент со Ковид-19 ставен на респиратор


Во Германија починува секој трет пациент со Ковид-19, кој ќе биде ставен на респиратор, покажува истражувањето на клиниката „Хелиос“.

Списанието „Шпигел“ посочува дека во Германија, секој петти пациент со Ковид-19 завршува на одделение  за интензивна нега.

„Хелиос“ поседува повеќе од 80 болници во Германија, а истражувањето се темелеше на искуството стекнато од февруари до средината на јуни.

Според студијата, излекувани се околу 80 отсто од пациентите со Ковид-19, 16,6 отсто починале, додека останатите 3,6 се уште се наоѓаат на лекување во болница.

Раководителот на Одделението за неврохирургија на клиниката во Бад Саров, Јулиус Денглер, истакна дека студијата покажува дека развојот на болеста кај пациенти во Европа е речиси идентичен, со слична стапка на смртност кај пациентите на респиратор.