Во Германија рекордно висока инциденција

Германија објави рекордно висок број на седмодневна инциденција од 201,1 потврден случај со корона вирус на 100.000 жители, соопшти Институтот „Роберт Кох“ во понеделник наутро.
Тоа е највисока бројка на седмодневна инциденција од почетокот на пандемијата со Ковид-19.
Бројката од денеска е зголемување од 154,5 во четвртокот и 130,2 една недела претходно.
Претходните рекорсни инциденции изнесуваа 197,6 на 22 декември лани на врвот од вториот бран.
Стручњаците велат дека треба да се земе предвид дека за разлика од една година претходно многу луѓе во Германија сега се вакцинирани и велат дека инциденцијата особено е висока меѓу старите луѓе кои се во висок ризик од Ковид-19.
Затоа стручњаците веруваат дека здравствениот систем во земјата треба да биде во состојба да поднесе поголем број заразени отколку пред почетокот на вакцинацијата затоа што вакцината нуди многу добра заштита од тешка болест.
Привремената влада на канцеларката Ангела Меркел се соочува со дилема.
Министерите од техничката влада се двоумат дали да донесат радикални мерки додека во тек се коалициските преговори за формирање нова влафа по септемвриските избори.
Преговорите покажаа малку знаци дека се блиску до завршница.