Во Франција забележани 3.602 случаи со Ковид-19


 

Во Франција во последните 24 часа забележани се уште 3.602 случаи со корона вирус.

Во истиот период починаа девет лица, со што вкупниот број жртви се искачи на 30.512.

Ди сега воземјата потврдени се 238.002 случаи со корона вирус, пренесе Ројтерс.

Бројот на пациенти на интензивна нега е 380.

Во Франција во четвртокот беа потврдени 4.711 нови случаи, што беше рекорд од укинувањето на карантинот. Најголемиот дневен пораст е забележан на 31 март, кога имаше 7.578, но од тогаш ретко надминуваше 4.500.