Во Франција денеска дури 5.429 нови инфекции од корона
Француското Министерство за здравство регистрираше 5.429 нови коронавирусни инфекции во текот на изминатите 24 часа, ново високо ниво по карантинот какво што не е забележано од најголемиот врв на епидемијата на почетокот на април.
Дневната бројка достигна 4.000 неколку пати во последниве денови, пред враќањето на училиште на 1 септември за милиони ученици.
Француската јавност мора да дејствува во „дух на одговорност“ за да го ограничи зголемувањето на нови случаи, рече премиерот Жан Кастекс за радиото Франс Интер во средата наутро.
„Државата има свој удел во одговорноста… но секој треба да чувствува како своја работа да се бори против пандемијата“, додаде Кастекс
Вкупниот број на заразени со вирусот во Франција сега изнесува 253.587.
Во вторникот, Министерството соопшти дека кумулативниот број на смртни случаи се зголемил за 16 на 30.544 и соопшти дека 4.600 лица биле во болница со Ковид-19, вклучувајќи и 410 на интензивна нега.