Во ера на интернетот, полицијата на оваа земја вработува 100 гулаби-писмоносци: „За не дај Боже“

Истражувањата покажуваат дека гулабите можат да детектираат магнетни полиња и да одредат локација од неколку илјади километри, вели историчарот Анил Дир, кој работи со полицијата.


Полицијата во источната индиска држава Одиша чува јато гулаби во случај на прекин на комуникацијата за време на катастрофи. Тоа е практика која се негува уште од ерата на британското колонијално владеење.

Во државната служба за гулаби-писмоносци денеска се „вработуваат“ повеќе од сто птици, кои летаат со брзина од 55 километри на час и поминуваат растојанија до 800 километри.

„Ги чувавме гулабите поради нивната вредност на наследство и за да ги зачуваме за идните генерации“, рече Сатиш Кумар Гајбхије, инспектор од областа Катак, цитиран од N1.

Тие откриваат магнетни полиња
Гулабите најчесто носат пораки напишани на лесна хартија од кромид, ставени во капсула и врзани за ногата, а индиската полиција тврди дека во последните 40 години барем двапати спасила одредени ситуации.

Полицијата вработува гулаби

Тие одиграа клучна улога во 1999 година откако бура ги прекина комуникациските линии, како и во 1982 година за време на разорните поплави во делови од таа сојузна држава.

Истражувањата покажуваат дека гулабите можат да детектираат магнетни полиња и да одредат локација од неколку илјади километри, вели историчарот Анил Дир, кој работи со полицијата.

„Дури и во неверојатното сценарио да бидат прекинати сите комуникации, гулабите никогаш нема да разочараат“, вели тој.