Во две сообраќајки во Прилеп настрадаа жена – пешак и возач
Возачот бил итно пренесен во Градската болница Прилеп од страна на Итната медицинска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Екипа од ОВР Прилеп извршила увид на местото на несреќата и работи на утврдување на причините за излетувањето на возилото.
Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ги почитуваат сообраќајните правила за да се избегнат несреќи од ваков вид.
Истата вечер, во 21.55 часот, во ОВР Прилеп било пријавено дека на улицата „Прилепски бранители“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа. Во несреќата, со патничко моторно возило удриле во 73-годишната В.М. од Прилеп, при што возачот заминал од местото.
Удрената жена се здобилa со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската болница Прилеп, каде што повредите биле констатирани. Полицијата презема интензивни мерки за да го расчисти случајот и да го пронајде возачот кој го напуштил местото на несреќата.
Граѓаните кои можат да помогнат со информации за случајот се повикуваат да се обратат во најблиската полициска станица или на телефонскиот број за итни случаи.