Во Дубровник соборен температурниот рекорд за јануари, луѓето се капea


Хрватска– Првите денови од Новата година во Далмација се измерени екстремно високи температури за овој период од годината.

Во Дубровник беше срушен јануарскиот температурен рекорд.

Според податоците на Државниот хидрометеоролошки завод, денеска во 14 часот нивната станица во Горица измерила температура од 19,3 степени Целзиусови.

Ова е највисоката температура измерена во Хрватска денеска во 14 часот, а воедно и највисоката температура во јануари во Дубровник од почетокот на мерењата, анализираат тамошните медиуми.

Според нивните написи, многу жители во Дубровник уживале во денот сосема нетипичен за јануари, па некои од нив решиле да одат на плажа и да се капат во морето.