Во Црна Гора во мода е крадење со копање тунели: Ограбена оптика
Непознати разбојници го урнале ѕидот на продавницата „Оптика Мирковиќ“ во Подгорица и украле 250 очила за сонце, чија вкупна вредност е околу 100.000 евра.
За ова на социјалните мрежи јавноста ја информираше Оптика Мирковиќ.
Според објавената фотографија, крадците во оптиката влегле со уривање на ѕидот од соседната зграда.
Objavila Optika Mirković…https://t.co/2V6iCLD3Gv
— CDM (@cafemontenegro) November 23, 2023
„Додека работевме, избиравме колекции, гледавме нови модели, работеше и некој друг. Ова може да се види само на филмови. Украдоа 250 парчиња очила за сонце. Ги испразнија сите полици. Сите…”, напишаа во објавата од Оптика Мирковиќ.
Да потсетиме, Црна Гора сѐ уште ја тресе случајот „Тунел“ во кој криминална група ископа тунел до депото на Вишиот суд во Подгорица.